24фудбал

Кремонезе е кошмар за фаворитите во Купот на Италија, ја исфрлија и Рома! (ВИДЕО)

Откако го шокираа Наполи, денеска фудбалерите на Кремонезе ја победија и Рома, славеа на Олимпико со 2-1 и се пласираа во полуфиналето од Купот на Италија.

Италија

Кремонезе во Серија А се уште нема победи, но игра несфатливо добро во Купот на Италија и ги елиминира фаворитите. Денеска настрада Рома.

Кремонезе поведе во 28. минута со гол на Десерс од пенал. Стрелецот на голот беше соборен од Руи Патрисио во шеснаесетникот, поради тоа беше досудена најстрога казна.

Мурињо направи дури четири замени на полувремето, но само што почна вториот дел, Рома прими нов гол, овојпат автогол на Челик за водство на Кремонезе од 2-0.

Рома со сите сили напаѓаше за да се врати во мечот, но постигна гол дури во 94. минута, Белоти погоди за конечни 1-2.

Кремонезе во полуфиналето ќе игра против Фиорентина која денеска на свој терен го совлада Торино со 2-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.