24фудбал

Го понижи Милан, па добива смртни закани од навивачи на „росонерите“

Италијанскиот репрезентативец Доменико Берарди, фудбалерот на Сасуоло се најде на жесток удар на навивачите на Милан, откако италијанскиот првак доживеа понижување на „Сан Сиро“ во неделата со поразот со 2-5, па офанзивното крило сега добива – смртни закани.

Италија

Сопругата на фудбалерот Франческа Фантуци објавила дека навивачи на Милан нејзе ѝ праќале пораки за Доменико, па таа сите ги пријавила во полиција. Берарди против Милан имаше три асистенции и еден гол и беше убедливо најдобар на теренот.

„Каде и да го видам маж ти – ќе го убијам!“, била една од пораките што Фантуци ја добила.

Сасуоло преку соопштение објави дека ќе направи сѐ за да ги заштити Берарди и сопругата.

„Клубот е со Берарди и неговата сопруга. Заслужуваат потполна солидарност и потполна поддршка против тие што навредуваат и се закануваат. Мора да се запре секој облик на насилство, посебно на социлајните мрежи“, објави клубот.

Берарди е дете на Сасуоло, а за првиот тим дебитираше пред една деценија, а две години беше дел од Јувентус, но не играше за „старата дама“ туку беше на заем во матичниот клуб.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.