24фудбал

Откриено како пукнала тиквата помеѓу Касело и Гвардиола, тренерот во свој стил му порачал...

Медиумите од Англија пренесуваат дека Жоао Кансело бурно реагирал откако дознал дека нема да биде во стартниот состав против Арсенал во ФА Купот, настанало расправија а Пеп Гвардиола уште еднаш покажал дека никој не е поголем од клубот.

Англија

Жоао Кансело е пред преселба во Баерн, Португалецот синоќа пристигна во Минхен откако за кратко време падна договор за негова позајмица на „Алианц Арена“.

Десниот бек го напушта Манчестер Сити и покрај тоа што беше еден од најдобрите играчи минатата сезона, причина е расправија со Пеп Гвардиола.

Жоао Кансело изминатиов период често изразувал незадоволство поради малата минутажа и тиквата пукнала откако дознал дека нема да биде стартер против Арсенал во ФА Купот и реагирал бурно.

Настанала расправија со Пеп Гвардиола, играчот се заканил дека ќе замине а тренерот во свој стил порачал дека никој не е поголем од клубот и слободно може да си оди доколку донесе интересна понуда.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.