24фудбал

Рома многу му се налути на Заниоло, може да го „замрзне“ до јуни 2024 година!

Италијанските медиуми пишуваат дека Рома би можела да му даде на Заниоло многу сериозна дисциплинска мерка со тоа што ќе го држи надвор од игра додека му истече договорот.

Италија

Заниоло побара да си замине од Рома, но само понудата на Борнмут беше прифатлива за римската волчица. Таа понуда ја одби Заниоло, па трансферот не се реализираше.

Актуелниот договор на Заниоло со Рома е до јуни 2024 година. 

„Кориере дело Спорт“ пишува дека раководството на волчицата е луто на Заниоло до степен што гледа да го отстрани од првиот тим до крајот на неговиот договор.

Сепак поверојатно сценариот е дека Заниоло ќе седи на трибини до крајот на оваа сезона, а на лето ќе биде продаден.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.