24фудбал

Први критики за Роналдо во Ал Наср: Да го погодеше тоа, друга ќе беше приказната (ВИДЕО)

Тренерот на Ал Наср, Руди Гарсија го впери прстот кон Кристијано Роналдо по поразот од Ал Итихад во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија.

Останато

Кристијано Роналдо и на вториот натпревар во дресот на Ал Наср не успеа да погоди а за работите да бидат полоши, неговиот тим загуби и беше елиминиран во полуфиналето во Суперкупот на Саудиска Арабија.

По крајот на натпреварот, Португалецот беше и посочен како еден од виновниците за лошиот резултат.

„Еден од пресвртните моменти во мечот беше шансата која ја промаши Кристијано Роналдо во првото полувреме, да погодеше, друга ќе беше приказната“ – рече тренерот Руди Гарсија.

Шансата за која зборуваше Руди Гарсија се случи во финишот на првиот дел, Португалецот од пет метри со глава биеше право во голманот. Наместо изедначување, во следниот напад Ал Итихад постигна гол и зголеми на 0-2.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.