24фудбал

Ибрахимовиќ испрати порака до провокаторот Мартинез и Аргентинците: Нема да освоите ништо!

Златан Ибрахимовиќ не е импресиониран од начинот на кој Аргентинците го прославија триумфот на мундијалот во Катар и смета дека оваа генерација на „гаучосите“ нема да освои ништо друго.

Останато

Златан Ибрахимовиќ прогнозираше дека Лео Меси ќе го подигне трофејот на Светското првенство и погоди. Швеѓанецот сега излезе со нова прогноза, вели дека оваа генерација на „гаучосите“ нема да освои ништо друго поради недоличното однесување при прославата на трофејот.

„Меси се смета за најдобар во историјата, бев убеден дека ќе го освои мундијалот. Ако сакате мундијалот во Катар да се памети, Меси мора да го освои“ - вели Златан Ибрахимовиќ

„Жал ми е за Килијан Мбапе, постигна три гола во финалето и не го освои Светското првенство, тоа е навистина жално“.

„Но тој веќе има освоено едно Светско првенство и сигурен сум дека ќе освои уште едно. Па не сум загрижен за Мбапе, загрижен сум за другите фудбалери од Аргентина, бидејќи нема да освојат ништо“.

„Меси има освоено се и сите ќе го паметат, но останатите, кои се однесуваа лошо, немам почит за нив...“


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.