24фудбал

Меси се предомислил, нема да го продолжи договорот со ПСЖ

Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека Лионел Меси нема да стави потпис на нов договор со ПСЖ како што се највуваше.

Франција

Во изминатиот период се шпекулираше дека Меси веќе дал усмена согласност за продолжување на договорот со ПСЖ. Сепак Аргентинецот се предомислил и нема да го направи тоа.

„Меси не сака да го продолжи договорот со ПСЖ. Освојувањето на Мундијалот го промени неговиот начин на размислување“, тврди „Марка“.

Тие додаваат дека постои можност Меси да се врати во Барселона.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.