24фудбал

Ф4 Лига на нации: Хрватска ќе игра со Холандија, Италија против Шпанија

Денеска во Нион се одржа ждрепката за завршниот турнир во третата сезона од Лигата на нации.

Останато

Ждрепката сакаше да има реприза на едно од полуфиналињата кои се играа и на минатото издание, тоа е дуелот меѓу Италија и Шпанија.

Во другото полуфинале ќе се сретнат домаќинот Холандија и Хрватска.

Натпреварите ќе се одиграат од 14 до 18 јуни во Ротердам и во Еншеде. Прво на 14 јуни Холандија и Хрватска ќе истрчаат на  „Де Куип“ во Ротердам, ден подоцна во Шпанија и Италија на Еншеде, а малото и големото финале се планирани за 18 јуни.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.