24фудбал

Манчестер јунајтед го моли да не избрзува со трансфер, но Челси е пред ангажман на Мало Густо

Челси ќе ја добие битката со Манчестер јунајтед за потписот на Мало Густо, десниот бек на Лион на ум има само преселба на „Стемфорд Бриџ“.

Англија

19 годишниот Мало Густо со своите добри настапи во Лион го привлече вниманието на многу клубови а Челси реши овој месец да превземе конкретни чекори и достави понуда вредна околу 20 милиони евра, која сепак веднаш беше одбиена.

Манчестер јунајтед исто така го има Мало Густо во својот бележник, „ѓаволите“ стапиле во контакт со играчот и го замолиле да не избрзува со трансфер.

Сепак, последните информации велат дека десниот бек на ум има само преселба на „Стемфорд Бриџ“ и се очекува да стане ново засилување на „сините“ во зделка вредна околу 30-40 милиони евра.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.