24фудбал

Познато е каде „пукнала тиквата“, како Роналдо и Мендеш се скарале

Жорж Мендеш во текот на целата кариера му беше агент на Кристијано Роналдо, но откако Португалецот го даде интервјуто за Пирс Морган, излезе и информацијата дека тој веќе не е заедно со неговиот агент.

Останато

Шпанскиот медиум „Ел Мундо“ открива зошто Роналдо и Мендеш се разделиле.

Во текот на летниот преоден рок Роналдо му рекол на Мендеш да му обезбеди трансфер, желби на Португалецот биле Челси или Баерн Минхен. Кристијано му дал и рок на агентот, затоа и не тргна на подготовките со Манчестер јунајтед.

Сепак ниту Челси, ниту Баерн Минхен не го сакале Роналдо, кој имал големи барања за плата и покрај ситуацијата во која се наоѓаше. Мендеш се обидел да му договори трансфер и во други клубови како Наполи, Атлетико Мадрид, ПСЖ... но никој не го сакал Португалецот.

Роналдо наместо кај себе, вината ја барал во Мендеш, односот меѓу нив се растурил и тие се разделиле.

Пред нивната конечна разделба Мендеш и Роналдо имале уште две караници. Тоа биле случаеви кога фудбалерот не ги слушал советите на својот агент.

Првиот случај бил во 2018 година, Мендеш го советувал Роналдо да остане во Реал Мадрид, но тој инсистирал на преселба во Јувентус.

Втората била во 2021 година. Мендеш сметал дека враќањето во Манчестер јунајтед ќе биде грешка за Роналдо, но тој не го послушал и одлучил да заигра на Олд Трафорд.

Мендеш му имаше договорено трансфер во Манчестер Сити, но Роналдо се предомисли и се врати во стариот клуб од каде што си отиде неславно.

Роналдо не успеа да пронајде клуб од Европа кој настапува во Лигата на шампионите, па се задоволи со тоа што стана најплатен играч на сите времиња потпишувајќи за Ал Наср со примања од 500 милиони долари за две ипол години.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.