24фудбал

Куман е нов селектор на Холандија, веднаш најави дека ќе ја промени одлуката на Ван Гал која ја мразеа сите

Роналд Куман денеска беше промовиран за нов селектор на Холандија, стратегот порача дека „лалињата“ повторно ќе играат со традиционалната формација 4-3-3 а не системот 5-3-2 кој го форсираше Луј ван Гал.

Останато

Роналд Куман се враќа на кормилото на Холандија, стратегот ги предводеше „лалињата“ од 2018 до 2020, но ги напушти за да си го оствари сонот и да стане тренер на Барселона.

Потегот се покажа како лош, авантурата на Камп Ноу не одеше според планот, но Холандија сега му даде нова шанса и го именуваше за наследник на Луј ван Гал.

По промоцијата, тој веднаш најави дека ќе ја промени одлуката на неговиот претходник која навивачите ја мразеа и често ја критикуваа. Холандија повторно ќе игра со традиционалната формација 4-3-3 а не со системот 5-3-2 кој го форсираше Луј ван Гал.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.