24фудбал

Келн го понижи Вердер, му даде седум гола! (ВИДЕО)

Келн со фантастични 7-1 го победи Вердер Бремен во последниот денешен меч од Бундеслигата.

Германија

Келн во овој натпревар влезе по серија од три последователни порази во Бундеслигата, но тоа не само што не се виде, туку домаќините буквално си поиграа со противникот.

По 36 минути игра веќе беше 5-0, до крајот на првото полувреме Вердер намали на 5-1, но во вториот дел примија уште два гола за конечна победа на Келн од 7-1.

Тигес и Шкири постигнаа по два гола, Маина и Хусенбашиќ дадоа по еден, а еден беше автогол на Фридл. Погодокот за Вердер беше дело на Фулкруг.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.