24фудбал

Откриено што направил Рамздејл за да го испровоцира Ришарлисон и навивачот кој го удри

Медиумите од Англија открија што му претходело на инцидентот кој се случи на дербито на Северен Лондон помеѓу Тотнем и Арсенал, голманот Арон Рамздејл ги провоцирал домашните навивачи.

Англија

Натпреварот помеѓу лутите градски ривали заврши со победа на Арсенал од 0-2 и голем инцидент.

По последниот свиреж на судијата, Ришарлисон и Арон Рамздејл влегоа во вербална војна и кога голманот се врати зад голот да си ги земе работите, еден навивач се симна на теренот и го клоцна во грбот.

„Навивачите на „спарси“ ме провоцираа во текот на второто полувреме, јас малку им вратив, добар дел од нив го прифатија тоа добро. Но потоа еден навивач се смина и се обиде да ме удари. Жално е што се случи ова, на крајот од денот, ова е само фудбал“ – објасни Арон Рамздејл.

По прегледувањето на снимките од сите телевизии, медиумите објаснуваат што точно се случило.

По последниот свиреж на судијата, Арон Рамздејл се свртел кон навивачите на Тотнем и почнал да ги провоцира, за на крајот да го бакне грбот на Арсенал на неговиот дрес. На Ришарлисон не му се допаднало ова, па тргна да се објаснува со голманот и да го турка.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.