24фудбал

Себастијан Але полека ја темпира формата откако ја доби битката со ракот, постигна три гола за 7 минути (ВИДЕО)

Себастијан Але полека ја темпира формата откако ја доби битката со ракот, денеска на пријателски натпревар против Базел, напаѓачот на Борусија Дортмунд постигна три гола за седум минути.

Германија

По шест кошмарни месеци, Себастијан Але почнува повторно да ја чувствува радоста која ја носи фудбалот.

Напаѓачот полека ја темпира формата откако ја доби битката со ракот, и на денешниот пријателски натпревар со Базел, три пати ја тресеше мрежата.

Во период од седум минути, Себастијан Але забележа хет-трик, најпрво погоди од белата точка, потоа рутински реализираше на асистенција на Бранд, за на крајот атрактивно со пета да го матира противничкиот голман.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.