24фудбал

Дали младата ѕвезда на Дортмунд е алчна? Ова е последната понуда на „милионерите“

Медиумите од Германија пренесуваат дека Борусија Дортмунд на маса ставила нов предлог и на Јусуфа Мукоко му нуди плата од 6 милиони евра по сезона, плус бонус за потпис од 10 милиони евра.

Германија

18 годишниот Јусуфа Мукоко важи за еден од најперспективните напаѓачи во Европа, Борусија Дортмунд со месеци се обидува да му го обнови договорот, но двете страни никако да најдат компромис.

Последните информации велат дека „милонерите“ на маса ставиле нов предлог и на младото момче му нудат плата од 6 милиони евра по сезона, плус бонус за потпис од 10 милиони евра.

Борусија Дортмунд има богат предлог и за агентот на играчот, односно покрај стандардните 10% од вкупната сума на договорот (2,4 милиони евра), му нудат и додатна премија од 5 милиони евра.

Многумина сметаат дека ова е повеќе од доволно за еден тинејџер и дека Јусуфа Мукоко е алчен.

„Во денешно време нема благодарност во фудбалот, но не му се лутам на никого, едноставно таков е овој бизнис“ – вели генералниот извршен директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.