24фудбал

Претседателот на ФФФ му се извини на Зидан

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел Ле Грае се извини за недоличните коментари за Зинедин Зидан кој кренаа бура во јавноста.

Франција

Првиот човек на францускиот фудбал со изјавата за Зидан го навлече гневот на многумина, па мораше јавно да се извинува.

„Ова беше недоразбирање. Би сакал лично да се изјава за овие коментари, тие воопшто не го рефлектираат она што јас го мислам за него како фудбалер и како тренер“, изјави претседателот на ФФФ, Ноел Ле Грае за АФП.

Тој претходно изјави дека не му е гајле ако Зидан стане селектор на Бразил и дека не би му кренал телефон доколку Зизу се распрашувал за селекторската позиција на Франција.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.