24фудбал

Реал Мадрид застана во одбрана на Зидан: Претседателот на ФФФ покажа непочитување за легендата

Реал Мадрид преку официјално соопштение го искажа својот став за навредливите коментари од претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ), Ноел Ле Грае кој го нападна Зинедин Зидан.

Франција

Првиот човек на францускиот фудбал непристојно одговори на едно новинарско прашање поврзано со Зинедин Зидан.

„Зидан во Бразил? Не ми е гајле кај ќе оди! Нека оди каде сака, не е тоа моја работа. Јас никогаш со него не сум се сретнал, ниту сум размислувам да се разделам од Дидие“, одговори Ле Грае.

Ваквиот негов одговор предизвика лавина критики, а една дојде и од Реал Мадрид.

„Реал Мадрид жали за несреќните коментари на претседателот на ФФФ, Ноел Ле Грае во врска со Зинедин Зидан, една од најголемите светски спортски легенди. Овие забелешки покажуваат недостаток на почит кон една од најомилените личности од фудбалските фанови ширум светот и нашиот клуб чека итна корекција. Зинедин Зидан е светски и европски шампион кој ја претставува својата земја, меѓу многуте други почести, тој ги отелотворува вредностите на спортот и тоа го докажа во текот на неговата професионална кариера како игрча и тренер. Изјавите на претседателот на ФФФ се несоодветни за некој кој има таква функција, тие се несоодветни и како оние кои ги даде за нашиот капитен, Карим Бензема, актуелната „Златна топка“, шампион во Лигата на нации со Франција во 2021 година и петкратен освојувач на ЛШ“, стои во соопштението на Реал Мадрид.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.