24фудбал

Нејмар го навлече гневот на бразилската јавност затоа што не дојде на погребот на Пеле!

Најголемата бразилска фудбалска ѕвезда во моментов, Нејмар не се појави на погребот на неговиот легендарен сонародник, Пеле. Тоа ја разочара јавноста во неговата земја.

Јужна Америка

Нејмар потекнува од Сантош, клубот каде што Пеле ја помина речиси целата своја кариера. Пеле посебно го почитуваше Нејмар, па сите очекуваа дека фудбалерот ќе побара дозвола од ПСЖ и ќе се појави на погребот.

Бразилците му замеруваат на Нејмар затоа што барал дозволи од клубот да присуствува на разни забави, но не и на погребот на фудбалскиот великан Пеле.

„Нејмар многу лесно можеше да го убеди ПСЖ за да го пушти да дојде на погребот. Тој неколкупати барал дозвола за разни забави и ја добивал, зашто не побарал таква дозвола која сигурно ќе ја добиел за погреб на најголемиот во историјата Пеле? Нејмар како најголема ѕвезда на Бразил имаше обврска да дојде на погребот на Пеле и да се прости од него. Тоа беше многу важно за бразилскиот фудбал“, објавија низа бразилски медиуми.

Наместо Нејмар, се појави неговиот татко кој се збогува со „кралот“ во името на целото семејство.

„Загубивме многу, загубивме големо име, кое беше инспирација за многу луѓе, за целиот спорт, кој благодарение на него е на ова ниво. Беше иснпирација за многу генерации. Затоа сум тука, на молба на мојот син, да дадам поддршка од семејството за семејството на Пеле. Знаеме сите што загубивме, не само спортист, туку една голема личност и еден великан како пеле“, рече Нејмар сениор.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.