24фудбал

Во Бразил денови на жалост во чест на Пеле, погребот ќе биде одржан во вторник

Бразил жали за Пеле кој почина синоќа на 82-годишна возраст, прогласени се денови на жалост, а погребот на еден од најголемите фудбалери на сите времиња ќе се одржи во вторник.

Јужна Америка

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонеро прогласи тридневна жалост во земјата во чест на кралот на фудбалот, Пеле.

Во сојузната држава Сао Паоло, во која е роден Пеле, го помина животот и почина, прогласи седумдневна жалост.

Фудбалскиот клуб Сантос каде Пеле ја помина речиси целата кариера, објави детали за погребот. 

Во понеделник телото на Пеле ќе биде пренесено од болницата „Алберт Ајнштајн“ до стадионот „Урбано Калдеира“. Ковчегот ќе биде поставен на центарот на игралиштето каде јавноста ќе му одава почит.

Во вторник ќе има поворка низ улиците на Сао Пауло, по што истиот ден Пеле ќе биде погребан на приватна церемонија на која ќе присуствува само неговото семејство.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.