24фудбал

Почина поранешен фудбалер на Јуве кој ги потроши сите пари на бавни коњи, брзи жени и алкохол

На 49-годишна возраст почина поранешниот фудбалер Фабијан О'Нил кој играше за Национал, Каљари, Јувентус, Перуџа и уругвајската репрезентација.

Јужна Америка

Денеска (недела), рано наутро тој бил примен во болница поради внатрешно крварење предизвикано од долгогодишно заболување на црниот дроб, со што се бореше од 2016 година, поради неуреден живот и конзумирање алкохол во големи колични. Состојбата брзо му се влошила, тој паднал во кома непосередно пред да почине.

Тој во кариерата заработил околу 14 милиони долари кои како што тврдеше ги потрошил на „бавни коњи (затоа што не победувале тие на кои се обложувал) и брзи жени“.

„Кога потпишав за Јуве, од идол на тимот, се претворив во најлош играч затоа што околу мене имаше феномени како Зидан. Само поради него навивам за Реал Мадрид. Сега сум сиромашен, но повторно сум среќен. Најважно ми е што јас и семејството имаме што да јадеме. Најдов нови пријатели, вистински, а не оние лажните кои беа покрај мене само кога бев богат. Тоа е мојата грешка. Жените се заљубија во мене поради мојата пијана верзија, а потоа се обидуваа да ме променат. Никој не можеше да ме промени, ми нудеа помош и од психолог. Моите поранешни сопруги се побогати од мене“, пред неколку години рече О'Нил.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК