24фудбал

Нојер скрши нога на скијање, сезоната за него е завршена! (ФОТО)

Голманот на Баерн Минхен и германската репрезентација, Мануел Нојер информираше дека скршил нога додека скијал, а со тоа оваа сезона за него заврши.

Германија

Нојер вели дека по дебаклот на Светското првенство во Катар, сакал да се „излуфтира“ со скијање, но работите станале уште полоши за него откако заработил скршеница на ногата и за него сезоната е завршена.

„Што можам да кажам, крајот на годината дефинитивно можеше да биде подобар... Додека се обидував да ја избристрам мојата глава со скијање, заработив скршеница на ногата. Вчера ми беше направена операција која помина добро. Голема благодарност до докторите! Како и да е, боли тоа што знам дека оваа сезона за мене е завршена. Чувајте се“, напиша Нојер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.