24фудбал

Скалони збесна, аргентинските новинари открија информација која тој ја криел!

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони беше бесен на аргентинските новинари кои открија дека Родриго де Пол е повреден, информација која тие ја криеле.

СП 2022

Родриго де Пол се повредил на тренингот на Аргентина кој бил од затворен карактер. Токму затоа се чуди Скалони, како може некој од новинарите да ја дознае таа информација.

Селекторот на Аргентина збесна бидејќи сфати дека има некој од играчите или стручниот штаб кој им кажал на новинарите за Де Пол.

„Од каде знаете за повредата на Де Пол? Ако ми кажете кој ви кажал, јас ќе ви кажам колку е сериозна“, рече Скалони откако му беше поставено прашањето за повредениот фудбалер од страна на новинарот Родас од аргентинскиот весник „Оле“.

Но, селекторот не го доби одговорот кој го сакаше, новинарот не му го кажа изворот.

„Зошто сте нервозен Лионел“, праша новинарот Родас, на што доби одговор од Скалони: „Не сум нервозен, но имавме тренинг зад затворени врати, а сега вадите информација за Де Пол. Не знам дали сме за Аргентина или за Холандија“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.