24фудбал

Луис Енрике со емотивна порака се прости од шпанската репрезентација (ФОТО)

По дебаклот на Светското првенство во Катар, брзо следуваше селекторска смена во Шпанија, на местото од Луис Енрике денеска е назначен Луис де ла Фонте.

СП 2022

Откако беше соопштено дека Луис де ла Фуенте е нов селектор на Шпанија, Луис Енрике со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од шпанската репрезентација.

„Во мое име и во името на луѓето од мојот стручен штаб: се започна пред четири години, колку брзо тече времето. Можам само да им бидам благодарен на оние кои двапати ме направија селектор (претседателот Рубиалес и спортскиот директор Молина). Им благодарам на сите вработени во федерацијата со кои многу поминавме. Секако и до фудбалерите кои дадоа пример со своето однесување и однос кон идеите кои се обидував да ги наметнам. Жал ми е што не можев повеќе да помогнам. Исто така и на помошниците кои неуморно работат за да им помогнат на играчите и на персоналот во се што треба. Беше многу посебно да се биде дел од ова. На крајот, но не и најмалку важно, би сакал да им се заблагодарам на навивачите кои постојано не поддржуваа, особено во најтешките моменти. Време е да се каже „збогум“ и исто така сакам да истакнам дека на репрезентацијата ѝ е потребна поддршка во кваква било форма за Луис де ла Фуенте да постигне се што сака. Напред Шпанија“, напиша Луис Енрике.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.