24фудбал

Реакцијата на Депај кога Ван Гал рече дека се бакнуваат во уста (ВИДЕО)

Расположението во холандската репрезентација е на високо ниво, селекторот Луи ван Гал на денешната прес-конференција ги насмеа сите, можеби му направи незгодно на Мемфис Депај.

СП 2022

Утре со почеток од 20 часот Холандија и Аргентина ќе ја почнат борбата за пласман во полуфиналето. На денешната прес-конференција Ван Гал проговори за неговиот однос со Анхел Ди Марија, па муабетот го поврза со Мемфис Депај.

„Ди Марија ме нарекол најлошиот тренер кој го имал? Тој е еден од неколкуте со такво мислење. Навистина ми е жал ако мисли така. И Мемфис требаше да се справува со мене во Манчестер а сега двајцата се бакнуваме во уста“, рече Ван Гал и изнуди интересна реакција од Депај.