24фудбал

Мбапе конечно се појави пред новинарите и порача: Не ги знаев правилата, но сам ќе си платам

Килијан Мбапе конечно се појави пред новинарите во Катар, напаѓачот вели дека не ги знаел правилата и доколку Фудбалската федерација на Франција биде казнета, тој од свој џеб ќе ја плати глобата.

СП 2022

Килијан Мбапе на мундијалот во Катар не се појавуваше на медиумските должности и не разговараше со новинарите, ФИФА не го толерира ова, па на Фудбалската федерација на Франција и се заканува парична казна.

Откако постигна два гола против Полска и испиша историја, Килијан Мбапе реши да даде интервју.

„Луѓето постојано прашуваат зошто не се појавувам пред медиумите. Немам ништо против новинарите, eдноставно ми е потребно да се фокусирам на фудбалот и првенството. Кога сакам да сум сконцентриран, вака се однесувам, не сакам да трошам енергија на други работи. Слушнaв дека ФФФ ќе биде казнета, па од свој џеб ќе ја платам глобата“ - вели Килијан Мбапе.

„Сите сонуваа за Светско првенство и задоволство ми е што сум тука. Се подготвував цела сезона, физички и психички, но има уште многу до крајната цел, односно триумф на мундијалот“.

За победата над Полска тој вели: „Среќен сум што обезбедивме четвртфинале, натпреварот не беше лесен, игравме против незгоден противник, но успеавме да постигнеме голови во клучни моменти. Мислам дека ја имавме контролата во најголемиот дел од натпреварот, само на кратки периоди во првиот дел бевме на мака“.

Со пет гола зад своето име, Килијан Мбапе е најдобар стрелец на Светското првенство.

„Единствена цел ми е триумф на СП. Тукам сум за да го освојам првенството а не „Златната копачка“. Секако дека немам ништо против да бидам најдобар стрелец,  но тимот е најважен“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.