24фудбал

Пеле повторно се јави од болницата: Силен сум, со голема надеж и верба во Бог

Синоќа излегоа информациите дека Пеле е во тешка состојба, веќе не може да ја добива хемотерапијата, неговото тело не ја прифаќа и тој ќе остане во болница до крајот на својот живот.

Јужна Америка

Откако вестите го обиколија целиот свет, на социјалните мрежи се јави Пеле со нов пост.

„Моите пријатели, сакам да ве одржам сите смирени и позитивни. Силен сум, со голема надеж и го добивам мојот третман како и обично. Сакам да му се заблагодарам на целиот медицински персонал за сета грижа која ја добивам. Имам голема верба во Бог и секоја порака со љубов која ја добивам од сите вас низ целиот свет ме држи полн со енергија. И гледајте го Бразил на Светското првенство. Ви благодарам многу“, напиша Пеле.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.