24фудбал

Ван Дајк го прашаа за трансфер на Гакпо а тој вели: Зарем Манчестер јунајтед е на ниво на Реал Мадрид?

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк упати провокација до Манчестер јунајтед како одговор на прашање за следниот клуб на Коди Гакпо, кој прикажува одлични натпревари на мундијалот во Катар.

СП 2022

Минатото лето, неколку клубови од Премиерлигата пројавија интерес за услугите на Коди Гакпо, во последните денови од преодниот рок напаѓачот се поврзуваше со преселба во Манчестер јунајтед, но го послуша советот на Луј ван Гал и остана во ПСВ.

Холанѓанецотт сега одново е дел од трансфер шпекулациите откако на мундијалот во Катар постигна три гола на воведните три натпревари.

По разделбата со Кристијано Роналдо, се шпекулира дека „ѓаволите“ во јануари одново ќе тропнат на вратата на ПСВ, а има и гласини кои го поврзуваат Коди Гакпо со трансфер во Реал Мадрид.

По победата над САД и пласманот во четвртфинале, Вирџил ван Дајк беше запрашан на оваа тема, а дефанзивецот на Ливерпул рече: „Зарем  Манчестер јунајтед е на нивото на Реал Мадрид во овој момент? И ова не го кажувам со непочитување“.

„Мислам дека Гакпо е подготвен за следниот чекор, мислам дека токму и тоа ќе се случи, останува да видиме само дали ќе направи трансфер во јануари или следното лето“.

„Се работи за одлично момче кое напорно работи, многу е талентиран и сигурно ќе видиме уште многу од него“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.