24фудбал

За Аргентинците Меси е Бог, за Португалците Роналдо е Крал, а Бразилците се молат Нејмар да скрши нога

Рафиња смета дека Бразилците не го заслужуваат Нејмар бидејќи не го третираат така како што заслужува.

СП 2022

Нејмар игра во фантастична форма оваа сезона, беше одличен и против Србија, но пред крајот на мечот се повреди и веројатно ќе ги пропушти преостанатите два меча од групната фаза.

Во последно време Нејмар трпи критики во Бразил, пред се поради политичкото експонирање кога му даде поддршка на контроверзниот десничар Болсанеро. Тогаш фудбалерот на ПСЖ доби лавина од навреди на социјалните мрежи.

Нејмар имаше и личен интерес да го подржи Болсанеро бидејќи претседателскиот кандидат му ветил дека ќе му го опрости данокот кој го должи, па критиките на јавноста беа разбирливи.

Но, Рафиња застана во одбрана на Нејмар и ги искритикува бразилските фанови.

„Аргентинските фанови го третираат Меси како Бог. Португалците се однесуваат кон Роналдо како кон крал. А, Бразилците се надеваат дека Нејмар ќе скрши нога. Оваа земја не го заслужува неговиот талент и фудбал“, вели Рафиња.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.