24фудбал

Во кино салите на Синеплекс во Канада ќе се пренесуваат мечевите против Хрватска и Мароко

Канада одигра одличен меч против Белгија, импресионираше но загуби, сепак играта на фудбалерите дополнително ја разбуди еуфоријата во оваа земја.

СП 2022

Тоа го препозна Синеплекс кој одлучи следните два меча од групната фаза да ги прикажува во своите кино сали во Канада.

Мечевите против Хрватска и Мароко ќе се пренесуваат во 34 кино сали на Синеплекс во неколку градови во Канада.

Влезниците ќе чинат само 5 долари, а сумата која ќе биде собрана ќе биде донирана во банките за храна во Канда со цел да се обезбеди храна за божиќните празници за загрозените луѓе во оваа земја.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.