Реални се шансите македонскиот напаѓач, Илија Несторовски да го напушти Удинезе во јануари и да се пресели во Специја која е силно заинтересирана за него.
Категорија: Македонија 25.11.2022 10:16
Според информациите на „Ил Месаџеро Венето“, Специја веќе стапила во контакт со Удинезе за евентуален трансфер на Несторовски во јануарскиот преоден рок.
Несторовски е четврта опција во нападот на Удинезе, не добива голема шанса, а неодамна против Наполи го даде првиот гол оваа сезона во Серија А.
Специја сака да ја искористи таквата позиција на Несторовски и да го привлече. Таму тренер е Лука Готи кој работеше со Македонецот во Удинезе и добро ги знае неговите квалитети.
Во досегашниот дел од сезоната Специја има постигнато само 14 голови и се наоѓа веднаш над опасната зона во Серија А.
Интерес за Несторовски има и од други клубови, претежно од Серија Б.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.