24фудбал

Португалија победи, Роналдо испиша историја (ВИДЕО)

Португалија со 3-2 ја победи Гана, а Кристијано Роналдо стана прв фудбалер во историјата кој постигнал гол на пет Светски првенства.

СП 2022

Еден час досаден фудбал и половина час голгетерско шоу се случи на мечот меѓу Португалија и Гана.

0-0 беше до 65. минута, ништо не наговестуваше дека на мечот може да има повеќе голови, но до крајот беа постигнати дури пет.

Кристијано Роналдо изнуди пенал, можеби престрого беше покажано на белата точка, но на капитенот на Португалија не му пречеше да постигне гол од најстрогата казна и да донесе водство на својата земја од 1-0.


Со овој гол Роналдо стана првиот фудбалер во светот кој постигнал голови на пет Светски првенства.

Осум минути по голот на Роналдо, стигна израмнување, по една лоша интервенција на одбраната на Португалија, Ају постигна гол за 1-1.


Но, Гана не се израдува многу на ова реми, веќе во 78. минута Португалија го врати водството, Бруно Фернандеш асистираше до Жоао Феликс кој постигна гол за водство од 2-1.


Две минути подоцна Бруно Фернандеш подели нова асистенција, овојпат до Рафаел Леао кој го постигна својот прв гол за репрезентацијата на Португалија и зголеми на 3-1.


Во 89. минута, нова лоша интервенција на одбраната на Португалија, Букари даде гол за 3-2 и неизвесен финиш, но тоа беше се што направија.


Во другиот натпревар од оваа група, Уругвај и Јужна Кореја одиграа без голови.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.