24фудбал

Излегоа снимки: Како селекторот Ерве Ренар ги мотивираше Саудијците на полувреме да ја победат Аргентина (ВИДЕО)

Саудиска Арабија ја направи првата сензација на Светското првенство откако ја победи Аргентина со 2-1, реакциите уште не спласнуваат.

СП 2022

Сите го величат селекторот на Саудиска Арабија, Ерве Ренар кој врши фантастична работа. Францускиот стратег е познат по успесите како селекор, а триумфот против Аргентина му е една од најголемите победи во кариерата.

Саудиска Арабија на полувремето губеше со 1-0, но во вториот дел излегоа, одиграа исклучително пожртвувано, постигнаа два гола и го добија мечот со 2-1.

На социјалните мрежи излегоа снимки од говорот на Ренар на полувремето. Тој зборува на англиски и има преведувач кој им преведува на играчите.

Покрај тактичките инструкции, тој им рече да ги почитуваат фановите кои се дојдени во Катар и да одиграат машки, да изгинат на теренот. Играчите ја послушаа лекцијата и во вториот дел излегоа и го импресинираа светот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.