24фудбал

Мурињо доби засилување од тимот кој го понижи минатата сезона

Рома и Жозе Мурињо го добија првото засилување за продолжението од сезоната, Ола Солбакен потпиша со „волчицата“ и пристигнува како слободен фудбалер од Бодо/Глимт.

Италија

Рома минатата сезона одигра четири натпревари против Бодо/Глимт, на едниот од нив беше понижена и загуби со 6-1.

Но „волчицата“ барем имаше некаква корист, во очи им падна Ола Солбакен, кој постигна три погодоци на овие дуели.

Норвежанецот сега се сели на „Олимпико“, и тоа беспари откако ќе му заврши договорот на 31. декември.

„Задоволни сме што можеме да соопштиме дека е постигнат договор со напаѓачот Ола Солбакен, кој официјално ќе му се придружи на клубот во јануари. Подадена е рака за соработка до 30. јуни 2027 година“ – гласеше известувањето.

За новата авантура, Ола Солбакен рече: „Притискав за реализирање на зделката, навистина сакав да бидам играч на Рома и конечно можам да кажам дека сум. Рома од самиот старт се издвои, навистина верувам во проектот и плановите на клубот и сакам да бидам дел од нив. Доаѓам да учам и да забележам напредок. Навивачите на Рома се едни од најдобрите и со нетрпение чекам да играм пред нив“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.