24фудбал

Роберто Баџо: Никогаш не го преболев промашениот пенал (ВИДЕО)

Легендарниот италијански фудбалер, Роберто Баџо се потсетува на финалето од Светското првенство во САД 1994 година кога во пенал серијата против Бразил промаши пенал по кој почна славјето на Бразилците за големиот трофеј.

Италија

Промашениот пенал на Роберто Баџо, шутот високо над голот е еден од моментите на Светските првенства кои вечно ќе се паметат.

Во интервју за „Скај“, Роберто Баџо се присетува на тој момент и вели дека никогаш не го преболел.

„Никогаш нема да го заборавам тоа. Тоа беше сон од моето детство и заврши на најапсурден начин, никогаш не го преболев“, вели Роберто Баџо.

„Луѓето секогаш покажуваа голема љубов, тие го разбираа моето страдање, но јас сум човек кој многу бара од себе“.

„Имав илјадници шанси да промашам пенал во мојата кариера, тоа беше еден кој навистина не смеев да го промашам“.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.