24фудбал

Нкунку не само што го пропушта мундијалот во Катар, може да му пропадне и трансферот во Челси?!

РБ Лајпциг денеска соопшти дека Кристофер Нкунку има оштетување на надворешните лигаменти на левото колено, повредата е многу посериозна од она што првично се мислеше и ќе паузира неколку месеци.

Германија

Кристофер Нкунку е еден од фудбалерите кои во последен миг отпаднаа од комбинација за Светското првенство, напаѓачот се повреди по еден дуел со Едуардо Камавинга на тренингот на Франција.

Но тој не само што ќе го пропушти мундијалот во Катар, може да му пропадне и трансферот во Челси.

РБ Лајпциг денеска соопшто дека Кристофер Нкунку има оштетување на надворешните лигаменти на левото колено, односно повредата е многу посериона од она што првично се мислеше.

Според Л’Екип, тој ќе паузара околу три месеци, тоа значи дека нема да се опорави се до крајот на зимскиот преоден рок, па останува да се види дали Челси ќе го купи.

Се верува дека „сините“ имаат пред-договор за ангажман на Французинот уште од септември.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.