24фудбал

Меси откри каков визионер бил Гвардиола: Ден пред „Ел класико“ ми се јави во 7 часот и ми рече...

Лео Меси вели дека жали што не уживал повеќе во соработката со Пеп Гвардиола, и во тој момент не успеал да разбере дека создаваат нешто исклучително.

Шпанија

Лео Меси седна на интервју со неговиот сонародник Хорхе Валдано и отворено разговараше на многу теми.

За соработката со Пеп Гвардиола, тој вели: „Тоа беше неверојатна етапа. Од една страна, Пеп Гвардиола ме научи на многу работи и помогна да напредува, од друга страна, Барса имаше униктна генерација“.

„Беше импресивно да одите да играте на било кој терен, и да знаете дека ќе победите против било кој ривал, и плус да играте на начинот на кој игравме, со посед на топка од 80%“.

„Жалам само што не уживав повеќе, бидејќи бев премногу фокусиран на тоа што го правев. Задоволство беше начинот на кој се подготвувавме за мечевите, како требаше да играме против ривалите.  Се изгледаше лесно, тоа го правевме природно па не можевме да разбереме што навистина постигнуваме. Дури откако поминаа години, сфатив дека постигнавме нешто уникатно“.

Тој потоа со насмевка на лицето додава: „Пеп му нанесе многу штета на фудбалот, се изгледаше толку лесно па сите се обидоа да играат на тој начин. Среднав многу други „Гвардиола“ и тие само ми помогнаа да разберам што всушност постигнавме“.

„Гвардиола имаше нешто специјално кога е во прашање гледање на натпреварите, подготовките за натпреварите и комуникацијата“.

Лео Меси потоа објаснува како му била променете позицијата од десно крило во „лажна 9-ка“ за дуелот против Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе, натпревар кој Барса го доби со 2-6.

„Ми се јави попладнето, околу 7 часот и ми рече да дојдам во тренинг центарот. Следниот ден игравме против Реал Мадрид. Ми рече дека ќе играм како „лажна 9-ка“ и кога ќе се повлечам во средина да примам топка, дефанзивците ќе ме пратат и така ќе се отвори простор за Ето и Анри. Ми кажа дека треба да играме без страв за да го победиме Реал Мадрид, и токму тоа се случи“. 


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.