24фудбал

Гвардиол: За трансферот во Лајпциг, на родителите им купив куќа

Хрватскиот дефанзивец, Јошко Гвардиол открива дека за трансферот во Лајпциг своите родители ги почестил со нова куќа.

Германија

Гвардиол е фудбалер на Лајпциг, но веројатно нема да се задржи многу во германскиот клуб бидејќи на негова адреса веќе има големи понуди. Челси е еден од клубовите кои се споменуваат како негова следна дестинација.

Дефанзивецот има само 20 години, а за хрватските медиуми откри дека на родителите им купил куќа кога се преселил во Лајпциг.

„Така е, ги почастив родителите со куќа. Го отворив огласот и им дадов да бираат. Куќа во околината на Загреб“, рече Гвардиол.

Гвардиол фудбал почна да игра во Трешњевац, а на осум години се сели во школата на Динамо Загреб.

„Плачев на првиот тренинг, се плашев. А првиот трансфер ми беше во Динамо. За кој навивав, иако татко ми е хајдуковец“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.