24фудбал

Мурињо не сака да игра Конференциска лига, сака да игра против „лузерите“ од Лигата на шампиони

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо вели дека сака победа против Лудогорец и продолжување на настапот во Лига Европа и дуел против еден од клубовите кои испаднаа од групната фаза во Лигата на шампиони.

Лига Европа

Рома утре го пречекува Лудогорец и на „волчицата“ и одговара само победа за продолжување на настапот во Лига Европа.

„Немаме амбиции повторно да ја освоиме Конференциска лига, сакаме да продолжиме во Лига Европа и покрај тоа што ќе играме плеј-оф и за противници ќе имаме тимови кои имаа амбиции да ја освојат Лигата на шампиони, но киксираа и ќе се најдат во Лига Европа“ - вели Жозе Мурињо.

„Утре имаме обврска да ги освоиме трите бода за разлика од противникот, па тоа е додатен притисок“.

„Но мислам дека Олимпико е распродаден, па ќе има добра атмосфера, како за голем натпрефвар и мислам дека навивачите можат да ни помогнат да победиме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.