24фудбал

Аматерска грешка, фудбалерите на Марсеј не знаеле дека со реми остануваат во Европа

Фудбалерите на Марсеј не знаеле дека со реми против Тотнем ќе продолжат во Лига Европа, бучната атмосфера на „Велодром“ придонела пораките од клупата да не стигнат на теренот.

Лига на Шампиони

Групата Д имаше драматична разврска во последното коло, Тотнем со гол во 95. минута стигна до првото место во групата а Ајнтрахт Франкфурт со победа на гостувањето кај Спортинг го обезбеди второто место.

Марсеј е трагичарот и доживеа елиминација, а една од причините за ваквиот развој на настаните е аматерска грешка во редовите на домаќините.

Фудбалерите на Марсеј не знаеле дека со реми против Тотнем продолжуваат во Лига Европа, мислеле дека се елиминирани, па во финишот фрлија се на една карта, тргнаа во тотална офанзива и примија гол на контра.

„На теренот, не знаевме ништо“ - вели Шансел Мбемба, стрелецот на голот со кој Марсеј поведе со 1-0.

„Но луѓето на клупата знаеле, едноставно немаше добра комуникација. Имавме храброст да притискаме до самиот крај... но ете не знаевме, настана грешка“.

Тренерот Игор Тудор, кој бараше од играчите да се вратат и во еден момент влезе во теренот, објаснува: „Не слушаа што им кажував, имаше премногу врева од трибините“.

„Им велев да не напаѓаат со сите сили, но тие не ме слушаа. Имаше конфузија во последните минути“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.