24фудбал

Тотнем го преживеа Марсеј и останува во ЛШ, Ајнтрахт го шокираше Спортинг (ВИДЕО)

Во единствената група која беше неизвесна, Тотнем со 2-1 славеше на гостувањето кај Марсеј и како прв оди во осминафиналето од Лигата на шампионите, Спортинг Лисабон ќе игра во Лига Европа откако загуби на свој терен од Ајнтрахт Франкфурт.

Лига на Шампиони

Вечерва најинтересно и најзначајно беше во Марсеј и Лисабон каде сите екипи од групата Д се бореа за осминафинале.

Во судиското продолжение од првото полувреме Мемба даде гол за водство на Марсеј од 1-0.

Но по девет минути игра во вториот дел Тотнем изедначи на 1-1 со гол на Ленгле.

Овој резултат го носеше Марсеј барем во Лига Европа, но тие примија гол во 95. минута од Хари Кејн и паднаа на последното место.

Спортинг беше во најдобра позиција, требаше само да не загуби од Ајнтрахт, но тоа не се случи, германскиот тим победи со 2-1.

И тука имаше пресврт во вториот дел. Артур Гомеш во 39. минута донесе предност за Португалците, а Камада и Коло Муани погодија во второто полувреме за победа на германскиот тим од 2-1.

Тотнем и Ајнтрахт одат во осминафинале од ЛШ, Спортинг ќе игра во ЛЕ, а Марсеј испаѓа.

Баерн Минхен го задржа првото место на табелата откако со голови на Павар и Чупо Мотинг го совлада Интер со 2-0. Нероазурите како втори одат во осминафиналето.

Барселона со 4-2 победи кај Викторија Плзен. Феран Торес даде два гола, по еднаш погодија Маркос Алонсо и Пабло Торе за Барса, двата гола за чешкиот тим беа дело на Чори.

Ливерпул со 2-0 го победи Наполи. Головите ги дадоа Салах и Дарвин Нуњез. Елмас играше од 83. минута.

Ајакс со 3-1 победи на гостувањето кај Ренџерс. Претходно Порто го совлада Атлетико Мадрид со 2-1, а Баер Леверкузен и Клуб Бриж одиграа без голови.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.