24фудбал

Гол на Тричковски, но Алиоски се радува на победа (ВИДЕО)

Фенербахче со 2-1 победи на гостувањето кај АЕК Ларнака во дуелот на македонските фудбалери Иван Тричковски и Езгјан Алиоски.

Лига Европа

На две кола пред крајот Фенербахче обезбеди место во нокаут фазата од Лига Европа откако ги освои трите бода од гостувањето кај АЕК Ларнака.

Фенер поведе уште во 16. минута, Алиоски асистираше до Жоао Педро кој постигна гол за водство од 1-0.

По седум минути во вториот дел дојде израмнување, Тричковски погоди од пенал за 1-1.

На 10 минути пред крајот Батшуаи постигна гол од пенал за победа на Фенербахче од 2-1.

Алиоски играше до 70. минута, Тричковски до 75.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.