24фудбал

Пелегрини: Мурињо рече дека никогаш нема да работи во клуб како Малага, а сега ја води Рома

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини пред дуелот од Лига Европа со Рома, го спореди римскиот клуб со Малага.

Лига Европа

Иако Рома важи за еден од најголемите клубови во Италија кој историски постојано е при врвот, Мануел Пелегрини ги спореди Малага.

„Мурињо е тренер кој има брилијантна кариера и направи зрела одлука кога реши да ја преземе Рома“, вели Пелегрини.

„Се сеќавам кога тој ме наследи мене во Реал Мадрид, а јас тогаш отидов во Малага, тој рече дека никогаш нема да води клуб како Малага, фраза која стана вирална дури се појавува и денес“.

„Но, јас бев горд да одам во Малага бидејќи тоа беше нов проект и јас сакав предизвик, ние дојдовме до четвртфиналето од Лигата на шампионите“.

„Мислам дека сега слично му се случува на Жозе. Тој беше во најелитните клубови но одбра предизвик каков што е Рома и ја освои Конференциската лига“.

„Тој имаше тешки напуштања во поголемите клубови, но не падна. Токму затоа неговата одлука да стане тренер на Рома ја гледам како знак на зрелост, како што јас пред десет години ја одбрав Малага“.

„Сега Рома има брилијантен тренер со кој може да направи скок во квалитетот што ми изгледа како јасна цел по купувањето на фантастични играчи како Дибала“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.