24фудбал

Димитриевски прими кикс гол, но Рајо во 95. минута дојде до победа (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано со многу мака но сосема заслужено дојде до трите бода против најаслабиот тим во Ла Лига, Елче откако победи со 2-1 благодарение на гол во 95. минута.

Шпанија

Елче поведе во 32. минута, при еден корнер, Димитриевски направи погрешна проценка, се обиде да боксува но излета во празно, а Боје ја погоди празната мрежа за водство на Елче од 1-0.


Само осум минути подоцна Камељо изедначи на 1-1, со тој резултат се отиде на одморот.


Во вториот дел Рајо цело време се мачеше да дојде до водство, Елче играше грубо и го бранеше својот гол. Гостите добија дури осум жолти картони и направија 19 прекршоци, за разлика од домаќините кои направија само пет фаули.

Правдата беше задоволена во 95. минута кога една топка на волеј му дојде на Лопез а тој од далечина на смести во мрежата на Елче за победа на Рајо од 2-1.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.