Рома со три бода си замина од „Џузепе Меаца“, со головите на Пауло Дибала и Крис Смолинг, гостите направија пресврт и славеа со 1-2 против Интер.
Категорија: Италија 01.10.2022 20:27
На Симоне Инзаги му се смешка отказ, Интер вечерва загуби дома во пресметката со Рома.
„Нероаѕурите“ го отворија резултатот по половина час игра, Ди Марко биеше по земја и го совлада Патрисио за 1-0.
Десет минути подоцна, Рома изедначи на 1-1, Спинацола нафрли а Дибала убаво закачи волеј и ја затресе мрежата.
Интер во второто полувреме се обиде да се врати во предност имаше неколку убави шанси, Чалханоглу ја погоди пречката од слободен удар и кога се чинеше дека само прашање на време е кога домаќините ќе постигнат гол, Смолинг ја замолкна публиката и по еден прекин погоди за 1-2.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.