24фудбал

Баерн со убедлива победа над Леверкузен ја прекина серијата без триумф (ВИДЕО)

Баерн Минхен со 4-0 го победи Баер Леверкузен и стави крај на серијата од четири последователни меча без триумф во Бундеслигата.

Германија

Баерн Минхен во лоша форма влезе во денешниот меч, но Баер Леверкузен беше во уште полоша форма, па Баварците доминираа на теренот.

Уште во првото полувреме беше решено кој ќе биде победникот на овој меч.

Сане во третата минута го отвори мечот, во 17. минута Мусиала зголеми на 2-0, а на пет минути до одморот Мане даде гол за 3-0.

Во самиот финиш од мечот, во 84. минута Томас Милер постигна гол за конечни 4-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.