24фудбал

Левандовски се чудел кој игра за Полска па бил толку импресиониран што веднаш го препорачал на Барса

Медиумите од Италија пренесуваат дека Роберт Левандовски ја советувал Барселона да го ангажира неговиот сонародик Јакуб Кивиор, напаѓачот бил импресиониран од она што дефанзивецот го прикажал во дресот на Полска.

Шпанија

22 годишниот Јакуб Кивиор во јуни дебитираше за репрезентацијата на Полска, Роберт Левандовски во прв момент се чудел кој ќе игра во одбраната.

„Момчево има голем потенцијал. Кога се загревавме на дуелот против Холандија, си помислив, „Кој е овој?“ Но потоа во текот на натпреварот видов дека се работи за извонреден фудбалер“ – рече неодамна напаѓачот.

Според пишувањата на Тутоспорт, Роберт Левандовски бил до толку импресиониран веднаш ја советувал Барселона да тргне по потписот на Јакуб Кивиор, кој лани одигра 31 натпревар во дресот на Специја.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.