24фудбал

ПСЖ му нуди нов договор на Меси, познати се деталите

Лионел Меси игра во голема форма на почетокот од оваа сезона, ПСЖ сака да го задржи Аргентинецот на кој договорот му истекува во јуни 2023.

Франција

Дебитантската сезона на Меси во ПСЖ не беше импресивна, но во оваа Аргентинецот блеска, дава голови, асистира и учествува во акциите.

Информациите велат дека ПСЖ сака да го задржи Меси, па му нуди нов богат договор.

Меси би добивал 30 милиони евра по сезона колку што заработува и сега, а тој би траел 1 + 1 година.

Дилемата на Меси ќе биде дали да се врати во Барселона или да го продолжи договорот со ПСЖ. Одлуката веројатно ќе биде донесена по завршувањето на Светското првенство, а можеби и по завршувањето на сезоната.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.