24фудбал

Пандев: ФФМ стана приватна фудбалска федерација

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев уште еднаш го искажа своето негативно мислење за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Македонија

Не е тајна дека ФФМ и Горан Пандев не се во добри односи. Пандев стави крај на кариерата, и додека неговите поранешни клубови и многу фудбалери му честитаа, ФФМ не кажа ни збор за играчот кој ја однесе Македонија на Европско првенство, кој го даде првиот гол за нашата репрезентација на големите натпреварувања, човекот со најмногу настапи во државниот дрес.

Во изјава за „Студио 10“ на ТВ 24, Пандев не го крие разочарувањето од односот на ФФМ. Тој вели дека тоа е приватна фудбалска федерација и ако нешто не се промени, фудбалот ќе назадува.

„Луѓето ја препознаваат мојата вредност, иако има и такви кои ја игнорираат Се надевам дека добро ја претставував Македонија и на сите им благодарам што ме поддржуваа. ФФМ стана приватна фудбалска федерација и мислам дека ако нешто набргу не се промени, не само што нема да напредуваме како репрезентација туку и ќе назадуваме“, изјави Пандев.

„Јас не сакам да се мешам во политички работи, а кај нас во Македонија во сѐ има политика. Веројатно затоа играчите и заминуваат. Но, таа атмосфера ја создава ФФМ. Сите го знаат тоа, но никој не сака да излезе и јавно да го каже тоа. Потребни ни се луѓе кои сакаат да успеат во спортот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.