24фудбал

Трите мега засилувања кои Флорентино сака да ги донесе во Реал и да направи страшен тим во 2024

Мадридскиот весник „АС“ ги дознава желбите на Флорентино Перез кои треба да ги реализира до 2024 година.

Шпанија

Двајца од тројцата фудбалери се од Манчестер Сити. Следното лето Перез сака да го донесе Жоао Кансело, а во 2024 година да го купи Ерлинг Халанд.

Реал Мадрид долго време го следи Кансело, интересот за бекот на Сити не е ништо ново. Следното лето Португалецот ќе полни 29 години, па Перез се надева дека ќе може да го добие за сума од 40-50 милиони евра иако неговиот договор е до 2027 година.

Предноста на Кансело е тоа што може да игра на повеќе позиции, и на левата и на десната страна.

Што се однесува до Халанд, во неговиот договор има откупна клаузула која се активира во летото 2024 година.

Халанд го одбра Манчестер Сити изминатото лето затоа што Реал Мадрид во моментов го има Бензема кој е незаменлив. Но Французинот во моментов има 34 година и за две години Халанд би бил природна замена за него.

Откупната клаузула за Халанд изнесува 180 милиони евра. Тоа е огромна сума, но со оглед на тоа што се работи за исклучителен напаѓач кој може да биде шпиц на Реал Мадрид со години, тоа може да биде сума која ќе ја плати кралскиот клуб.

Третото големо засилување кое планира да го донесе Флорентино Перез, е Џуд Белингем од Борусија Дортмунд.

За него интерес има од сите гиганти во Премиерлигата, но информациите велат дека тој го преферира Реал Мадрид.

Борусија Дортмунд не сакаше да го продаде Белингем изминатото лето, не сакаше две големи ѕвезди да заминат во еден преоден рок, па Англичанецот ќе добие дозвола да си оди следното лето.

Реал Мадрид и онака има светла иднина со играчи како Чуамени, Камавинга, Милитао, Валверде, Родриго, Винисиус... а на нив кога ќе се додадат и Кансело, Белингем и Халанд, кралскиот клуб би бил исклучително моќен.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.