24фудбал

Историски момент во Серија А, првпат ќе суди жена

Во недела во Серија А ќе биде испишана историја, првпат во оваа лига жена ќе ја дели правдата на еден меч како главен судија.

Италија

Првата жена судија која ќе ја дели правдата на меч во Серија А е Марија Соле Фереира Капути.

Таа ќе го суди неделниот меч меѓу Сасуоло и Салернитана.

Фереира Капути досега има судено во натпревари од понизок ранг и во Серија Б, но и дуели меѓу младинските состави на екипите. За неа ова ќе биде најголемиот предизвик во кариерата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.